23.8 C
Skopje

Трговска и инвестициска соработка на мали и средни претпријатија од Северна Македонија и Бугарија


Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претпријатија од двете земји да одржуваат различни форми на соработка.

Тоа е предвидено со Меморандум за разбирање помеѓу агенциите потпишан денеска во Софија од министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот бугарски колега Даниел Лорер во рамки на заедничката седница на владите на двете држави.

-Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми, изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу малите и средни претпријатија од двете земји, информираат од Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Захариева не гледа потреба да се свика седница за Македонија

Според екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во спорот со Македонија има чекор назад во односите, наместо голем напредок. „Ова не е...

Мартин Попов пријавил две куќи, но на родителите, а има и возило, два депозити, но и кредит

Анкетните листови на политичарите секогаш предизвикуваат внимание кај јавноста. Граѓаните сакаат да знаат колку се богати, и што е уште поважно, на кој начин се...

Фестивал посветен на фризерите: За првпат во Македонија – “Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“ | Вечер …1963

„Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“, единствениот фестивал во нашата држава посветен на фризерите, ќе се одржи на 28 мај во Домот на...

Русите нападнаа повеќе од 40 градови во Донбас

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија....
Translate »