10.8 C
Skopje

Стојаноска од ВМРО: За два месеци како министер, Таравари го сруши целиот здравствен систем

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тогашниот министерот за здравство Арбен Таравари кога, како што наведуваат, во државата има опасна болест за чие ширење тој лично е виновен и се губат човечки животи, треба да е тука, а не да седи во Америка.

Под раководство на Таравари, Министерството за здравство станува сининоним за негрижа и неспособност. Граѓаните со право се загрижени. За само два месеци министерување на Арбен Таравари се сруши целиот здравствен систем. Поради неажурноста на министерот во гостиварска Симница се случи епидемија на хеморагична треска и тоа од најлесниот облик од која починаа две лица, десет се хоспитализирани, а за десетици не се знае дали се инфицирани или не, рече денеска на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Недозволиво е, посочи таа, лицата заболени од хеморагична треска да биле погрешно третирани со денови и недозволиво е да се немало соодветен реагенс за навремено дијагностицирање.

– Недозволиво е да не се превземат мерки за дезинфекција, изолирање на причинителот и воспоставување на карантин и на тој начин навреме не се спречило ширење на болеста и потенцијално заразување на стотици и илјадници лица од Симница и гостиварскиот регион. Премногу е сериозно за Таравари по вибер и видео изјави да се справува со ваква сериозна работа. Оставка е тоа што најмалку може да го направи Таравари сега, додаде Стојаноска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минимален триумф на Херта против Борусија (М)

Фудбалерите на Херта во Берлин со 1-0 славеа на дуелот против Борусија од Менхенгладбах во последниот саботен меч од деветтото коло. Стрелец на единствениот...

„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути

Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.Гостите целата работа ја завршија за...

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги...

Валенсија собра бод во 98. минута, Алавес триумфираше кај Кадиз

Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство. Предмалку Кадиз на домашен терен...
Translate »