10.8 C
Skopje

Средба на градоначалникот Шилегов со градоначалникот на Подгорица, Вуковиќ

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Подгорица, Црна Гора, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје.

На средбата, како што соопштија од Град Скопје, двајцата градоначалници ја потврдиле одличната соработка што ја негуваат Скопје и Подгорица и нагласиле дека локалните самоуправи треба да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој на градовите, но и на регионите.

Шилегов и Вуковиќ размениле позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена, а дискутирале и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Подгорица.

– На состанокот се зборуваше и за продлабочување на соработка меѓу двата града, пред се во областа на образованието, спортот и културата, стои во соопштението.

Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка во повеќе области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минимален триумф на Херта против Борусија (М)

Фудбалерите на Херта во Берлин со 1-0 славеа на дуелот против Борусија од Менхенгладбах во последниот саботен меч од деветтото коло. Стрелец на единствениот...

„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути

Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.Гостите целата работа ја завршија за...

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги...

Валенсија собра бод во 98. минута, Алавес триумфираше кај Кадиз

Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство. Предмалку Кадиз на домашен терен...
Translate »