31.8 C
Skopje

Сите жртви во масакрот во училиште во Тексас загинале во една училница


Фото: Принтскрин

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во масакр во основно училиште во јужен Тексас биле во една училница за четврто одделение каде напаѓачот се забарикадирал, соопшти денеска полицијата.

– Полицијата го опколи основното училиште Роб во Увалде, Тексас, кршејќи ги прозорците во обид да ги евакуира децата и персоналот – изјави за Си-ен-ен портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, Крис Оливарез.

Полицајците потоа насила влегле во училницата и го убиле напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Салвадор Рамос.

Убиството на 19 деца и двајца наставници во основно училиште во Јужен Тексас поттикна повик за акција од американскиот претседател Џо Бајден – ги повика Американците да се соочат со лобито за оружје во земјата и да го притиснат Конгресот да ги заостри законите за оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Translate »