3.8 C
Skopje

Сите ги пиеме овие сокови, а многу се штетни за здравјето


ECA

Овошните сокови кои содржат додаден шеќер во големи количини се опасни за срцето и значително го зголемуваат ризикот од други заболувања, тврди една американска студија.

Научниците кои следеле 18.000 испитаници во текот на шест години, резултатите од своето истражување го претставија на конференцијата на Американското кардиолошко здружение.

Тие констатирале дека кај оние, кои пијат повеќе од 6,8 децилитри напитоци со шеќер, ризикот од смрт од срцеви или други заболувања е два пати поголем од оние кои дневно во просек конзумираат помалку од 3,4 децилитри.

Раководителот на истражувањето Џин Велч тврди дека резултатите само ја потврдиле важноста за контрола на внесувањето на шеќери во организмот.

– Сметаме дека истражувањето во значајна мера го поткрепува сознанието за важноста да се намали уделот на слатки напитки во нашата конзумација, нагласи Велч.

Тие наведуваат дека ваквите напитоци носат голем „прилив на шеќер“, кој телото потоа мора да го апсорбира.

извор:курир.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мурињо до новинарите: Вашата работа е многу полесна, затоа заработувам многу повеќе од вас

Жозе Мурињо повторно ги загуби нервите откако неговата Рома колабираше со 0:3 пораз од Интер, по што бесот го искали на новинарите. Хакан Чалханоглу,...

Милан имаат најдобар старт на лигата од 2003, ќе изддржат ли?

Милан се единствени лидер во Серија А првпат по 10 месеци, а го имаат и најдобриот старт на една сезона од 2003/04, подгревајќи...

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А. „Фенерџијата“...
Translate »