-1.2 C
Skopje

„Се враќаме 20 години во минатото“: Започна наставата во Авганистан

Студентите и студентките ја започнаа наставата на универзитетите откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. На некои факултети студентите и студентките се одвоени со завеси или табли во средината на предавалните, јавува „Ројтерс“.

За време на владеењето од 1996 до 2001, талибанците им забранувале на девојчињата да одат на училиште, а на девојките и жените да одат на универзитет и на работа. Талибанците сега тврдат дека ќе ги почитуваат правата на жените според исламскиот закон, но не е јасно што ќе значи тоа во практика.

Професори и студенти на универзитетите во најголемите градови во Авганистан изјавиле за „Ројтерс“ дека студентките се одвоени на предавањата, имаат посебни предавања или не може да пристапат до одредени делови од кампусите.

-Навистина се чувствував ужасно кога влегов на предавањето… Се враќаме 20 години во минатото – изјавила студентка за „Ројтерс“.

Таа открива дека студентките седеле одвоено од студентите и порано, но предавалните не биле физички одвоени.

Според документ со правила за одржување на предавањата на факултетите, задолжително е носењето марама за студентките, а универзитетите треба да имаат посебен влез за жените. Треба да се вработат професорки за да им предаваат на студентките во посебни простории или во простории кои се поделени.

Повеќе професори изјавиле дека не е јасно кои правила треба да се почитуваат под власт на талибанците, кои допрва треба да формираат влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трговска и инвестициска соработка на мали и средни претпријатија од Северна Македонија и Бугарија

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови...

Министерот Нуредини од Софија: Конкретно зборуваме за животната средината каде што имаме многу заеднички теми кои ќе ги бираме во иднина

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...

МФ Бесими од Софија: Рационален оптимизам каде резултатите ќе бидат одраз на сработеното

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...
Translate »