3.8 C
Skopje

Савевски го скрати списокот за ЕХФ Евро Купот, отпаднаа пет ракометарки


Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски денеска го објави скратениот список на ракометарки за престојните натпревари против репрезентацијата на Црна Гора во ЕХФ Евро Купот 2022.

Откако пред четири дена го објави првичниот список од 35 ракометарки, сега Савевски го скрати списокот за пет ракометарки и тоа Мила Пешиќ од Гутерслох, Марија Јанкуловска од Пелистер, Магдалена Тошевска од Вардар, Милица Николиќ од Металург и Сара Богоеска од Деспина.

Собирот ќе биде на 30 септември, а ракометарките во октомври ќе одиграат два натпревари против Црна Гора. Првиот натпревар ќе се одигра на седми октомви во во СЦ “Борис Трајковски” , додека три дена подоцна двете репрезентации ќе играат во Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лајпциг го отпуштија Марч по лошиот старт на сезоната

РБ Лајпциг го отпуштија тренерот, Американецот Џеси Марч по поразот од Унион Берлин и лошиот старт на сезоната 2020/21. Марч беше избран како наследник...

Мурињо до новинарите: Вашата работа е многу полесна, затоа заработувам многу повеќе од вас

Жозе Мурињо повторно ги загуби нервите откако неговата Рома колабираше со 0:3 пораз од Интер, по што бесот го искали на новинарите. Хакан Чалханоглу,...

Милан имаат најдобар старт на лигата од 2003, ќе изддржат ли?

Милан се единствени лидер во Серија А првпат по 10 месеци, а го имаат и најдобриот старт на една сезона од 2003/04, подгревајќи...

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А. „Фенерџијата“...
Translate »