Џенифер Лопез и Бен Алфек претходниот период го поминаа разделени пооради проектите на кои работат, таа на снимање во Канада, а тој во Тексас. Изминатиот викенд конечно повторно се видоа, а нивната средба со многу нежности, беше забележана пред да влезат во авионот на приватниот лет од Лос Анџелес, потврдувајќи дека нивната љубовна приказна е како онаа од најромантичните филмови.
Славните актери тешко ја поднеле раздвоеноста, но извор од нивното опкружување открива дека тие иако биле физички на различни страни, останале цврсто поврзани еден со друг.
„И двајцата снимаа филмови на различни локации, но ја користеа секоја можност да се сретнат. Бен беше во Лос Анџелес, а Џенифер долета од Ванкувер да помине некое време со него“, откри избор близок на холивудската двојка.
Двајцата не кријат дека ги прилагодуваат своите обврски и распореди за да се гледаат што почесто, но не сакаат ни да ја запостават својата кариера.
На почетокот на својата обновена врска тие почесто ги споделуваа своите заеднички моменти со јавноста, а потоа одлучија да се повлечат во малку поинтимна атмосфера.
Џеј Ло во јули изјави дека никогаш не се чувствувала подобро и дека сака тоа сите да го знаат.
„Кога еднаш ќе дојдете до таа точка, тогаш почнуваат да ви се случуваат неверојатни работи кои не можете да ги замислите. Ова е најдоброто време во мојот живот“ – изјави славната актерка.