23.8 C
Skopje

Пред да ја прифати понудата Чави поставил три услови

Чави Ернандез по шест години се врати во Барселона. Клупската легенда, во понеделник, официјално ќе го преземе првиот тим. Чави во Барселона се врати од Ал Сад. Во клубот од Катар тој најпрвин беше играч, а кога ја заврши кариерата стана тренер.

Барселона, во раните утрински часови, објави дека Чави се врати на „Ноу Камп“. Клубот успешно ги заврши три дневните преговори со Ал Сад. Чави, со клубот ќе потпише две и пол годишен договор.

Покрај со Ал Сад, челниците на Барселона интензивно преговарале и со Чави, кој за да се врати побарал клубот да исполни три негови барања.

Чави бил незадоволен од клупските медицински услови. Издејствувал во клубот да се врати Рикардо Пруно, човекото кој 25 години бил на чело на медицинскиот тим.

Исто така, тој со него на „Ноу Камп“ ќе дојдат неговите помошници од Ал Сад, ги има седуммина: Оскар Ернандез, Серхио Алегре, Иван Торес, Карлос Ногуера, Давид Пратс, Тони Лобо и Серхио Гарсија.

Третиот услов бил клубот да му донесе засилувања во зимскиот преоден рок. Крилните играчи имаат големо влијание во тренерската филозофија на Чави. Тој е убеден дека Усман Дембеле бргу ќе се рехабилитира од повредата и дека ќе го продолжи договорот, а од клубот побарал да му го донесат Рахим Стерлинг од Манчестер сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еве ја временската прогноза

Овој четврток ни носи за нијанса потопло време од вчерашниот ден. УХМР најавува сончево и топло време со температури чиј максимум ќе се искачи до...

Ние сме клептоманско општество, вели Гошев

Во Македонија нема владеење на правото, имаме коруптивно судство, селективна правда и правдата во Македонија се купува, тие што имаат пари се ослободуваат, тие...

Захариева не гледа потреба да се свика седница за Македонија

Според екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во спорот со Македонија има чекор назад во односите, наместо голем напредок. „Ова не е...

Мартин Попов пријавил две куќи, но на родителите, а има и возило, два депозити, но и кредит

Анкетните листови на политичарите секогаш предизвикуваат внимание кај јавноста. Граѓаните сакаат да знаат колку се богати, и што е уште поважно, на кој начин се...
Translate »