3.8 C
Skopje

Пратениците ќе одлучуваат за испраќање македонски војници во операции во Либан и во Централноафриканската Република

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 50. седница. На дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците.

Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, Република Либан и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина како дополнетиот предлог на закон за управување со отпадот, Дополнет Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Дополнет предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Дополнет предлог на закон за управување со дополнителни текови на отпад.

На дневен ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог на закон за изменување на Законот за метрологијата, Предлог на закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба и други. Пратениците треба да одлучуваат и за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање поднесен од владејачкото мнозинство. По скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, дополнување на Законот за облигационите односи, и други.

На ова заседание е и Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република  Македонија за 2020 година,  Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026, измени и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, на Законот за иновациската дејност сите во прво читање. На дневен ред е и Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мурињо до новинарите: Вашата работа е многу полесна, затоа заработувам многу повеќе од вас

Жозе Мурињо повторно ги загуби нервите откако неговата Рома колабираше со 0:3 пораз од Интер, по што бесот го искали на новинарите. Хакан Чалханоглу,...

Милан имаат најдобар старт на лигата од 2003, ќе изддржат ли?

Милан се единствени лидер во Серија А првпат по 10 месеци, а го имаат и најдобриот старт на една сезона од 2003/04, подгревајќи...

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А. „Фенерџијата“...
Translate »