15.8 C
Skopje

Постоеле две опции за атентат на Вучиќ


Србија

Атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ бил нарачан од Јужна Америка, а егзекуцијата требало да се изврши во првата половина на февруари од снајперист, поранешен воен специјален агент, кој, според Европол, претходно извршил „црни операции“ за мафијата и западните служби, пишува „Информер“.
Станува збор за доверливи информации до кои дошла полиција на земја од ЕУ и ја доставила до српското МВР на 14 јануари. Се наведуваат голем број податоци – имиња на заговорници, имиња и адреси на фронт фирми што учествувале во набавката и транспортот на оружјето што требало да се искористи за убиството, како и голем број други детални информации за планот за ликвидација. Според Европол, убиството на претседателот на Србија директно го наредил водачот на озлогласениот „Кавачки клан“, Радоје Звицер, кој, според разузнавачките податоци, моментално се наоѓа во Јужна Америка, најверојатно во Колумбија. Тој ангажирал поранешен воен специјален агент за убиството преку посредник.
– Според Европол, атентаторот веќе извршил таканаречени „црни операции“ за мафијата и западните служби. За оваа работа му ветиле хонорар од еден милион долари, плус сите трошоци и логистика. Детално е планирано и негово извлекување од Србија по атентатот и „трајно сместување“ во јужноамериканска држава – јавува соговорникот на „Информер“ што е запознаен со извештајот на Европол.
Се разработувале два плана. Едниот план бил тоа да се направи на јавен собир, а другиот бил да се пресретне колоната на Вучиќ и да се забави сообраќајот, по што требало да биде ликвидиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

Новата шпанска тениска надеж Карлос Алкараз го „преживеа“ второто коло на Ролан Гарос, откако во епска битка од 4 часа и 34 минути,...

Славните личности испратија порака: Доста е, земјата мора да се промени

Американски актери и музичари го кренаа гласот по трагедијата што се случи во основно училиште во Тексас и повикаа на построга контрола на...

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина. Рускиот...
Translate »