-1.2 C
Skopje

По филмот „Тома“, за Џеј ќе се снима филм „Недела“


По големиот успех што го постигна филмот „Тома“ посветен на животот на Тома Здравковиќ, најавено е снимањето на биографски филм за уште еден легендарен српски фолк пејач насловен по една негова легендарна песна. Филмскиот центар на Србија објави дека финансиски ќе го поддржи филмскиот проект за Џеј Рамадановски. Филмот „Недела“, насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски, ќе го снима младиот режисер Немања Ќераниќ.

„Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без непотребна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важните факти од биографијата на Рамадановски и во него е прикажана суровата реалност со која пејачот бил принуден да се соочува“, објави Филмскиот центар на Србија.

Џеј Рамадановски, кој потекнувал од ромско семејство од Македонија, почина лани на 57-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трговска и инвестициска соработка на мали и средни претпријатија од Северна Македонија и Бугарија

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови...

Министерот Нуредини од Софија: Конкретно зборуваме за животната средината каде што имаме многу заеднички теми кои ќе ги бираме во иднина

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...

МФ Бесими од Софија: Рационален оптимизам каде резултатите ќе бидат одраз на сработеното

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...
Translate »