-1.2 C
Skopje

Отворен е музеј на Фидел Кастро во Хавана


Фото: Пиксабеј

Во градот полн со трошни згради каде што корените на дрвјата го пробиваат асфалтот, обновена е една од најголемите вили во Хавана со сјајна убавина во чест на најконтроверзниот син на Куба, Фидел Кастро.
Центарот Фидел Кастро Руз беше отворен минатиот викенд, со 10.000 садници од околу 1.300 различни растителни видови, три години по почетокот на изградбата и пет години по смртта на поранешниот кубански лидер.
На церемонијата, присуствуваа венецуелскиот лидер Николај Мадуро и братот на Фидел, Раул, кој има 90 години.

Фото: Пиксабеј

Отворањето на музејот доаѓа во време кога Куба се бори да застане на нозе поради пандемијата и лошата економска ситуација, предизвикана од лошото раководство и 60-годишното ембарго на САД.
Музејот содржи театар со 190 седишта и простор за изложби. Во градината има фонтана со карпи донесени од Рио Ла Плата, река чиј извор е во планините каде што Фидел ја направил својата прва воена станица во 1958 година како водач на бунтовничките сили.
Во музејот е и говорницата од која Фидел ги држел своите познати говори, збирка автоматски пушки АК-47 кои Фидел сакал да ги носи и интерактивни екрани кои користат технологија за компјутерски игри, за прикажување борби, како што е онаа во заливот Пиг.

Вилата во која е сместен музејот некогаш и припаѓала на познатата Лили Идалго Борхес.
Во изјава за „Ал Џезеира“, директорот на Центарот Кастро, кубанскиот воен историчар и офицер Рене Гонзалес Бариос истакнува дека изградбата на музејот ја финансирале странски донатори кои сакале да останат анонимни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трговска и инвестициска соработка на мали и средни претпријатија од Северна Македонија и Бугарија

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови...

Министерот Нуредини од Софија: Конкретно зборуваме за животната средината каде што имаме многу заеднички теми кои ќе ги бираме во иднина

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...

МФ Бесими од Софија: Рационален оптимизам каде резултатите ќе бидат одраз на сработеното

Софија, 25 Јануари - По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на...
Translate »