Софија, 25 Јануари – По завршувањето на пленарната седница на двете Влади во Софија работите продолжија со седниците на адекватните комисии. По седниците на комисиите, со ексклузивни обраќања за Indeks.mk дадоа објаснувања околу остварените средби.
Мислам дека оваа седница е многу важна со оглед на интензитетот на работа но и посветеноста на двете страни и тоа ќе биде добра основа за продлабочување на соработката. Веќе се формирани четири работни групи и од следната недела ќе има уште една работна средба со групата поврзана со инвестициите, економијата и верувам дека ова е тоа што следува во иднина. Рационален оптимизам каде резултатите ќе бидат одраз на сработеното. Се надевам дека ова ќе биде поттик за почеток на преговори со Европската унија во блиска иднина.