14.8 C
Skopje

Лацио го доби огненото римско дерби – Педро славеше пред Мурињо!


Лацио стигна до 3:2 победа во супер-интересното дерби на италијанската престолнина над Рома, во интересен дуел на Маурицио Сари и Жозе Мурињо, во кое првата рунда му припадна на италијанскиот стручњак.

Лацио имаше фантастично отварање на мечот – прво Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 10. минута со глава го матираше Руи Патрисио, за во 19. минута, Педро, кој летово пристигна во Лацио токму од Рома, да зголеми на 2:0.

Сепак, Рома не се предаде и до крајот на полувремето намали на 2:1 преку Ибањез во 41. минута од мечот. Фелипе Андерсен во 63. минута ја врати предноста од два гола на Лацио, пред Жордан Верету од пенал само шест минути подоцна да дојдат на 3:2. По ова следуваа повеќе шанси на гол на двете страни, но на крајот,  Лацио ја впиша својата прва победа по три меча во Серија А.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути

Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.Гостите целата работа ја завршија за...

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги...

Валенсија собра бод во 98. минута, Алавес триумфираше кај Кадиз

Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство. Предмалку Кадиз на домашен терен...

Селма Хаек наговарала дефанзивец на Ајакс да се пресели во Рен

Дефанзивецот на холандски Ајакс, Едсон Алварез предизвика големо внимание со соопштението дека малку неостасувало да го напушти клубот од Амстердам по наговор на...
Translate »