3.8 C
Skopje

И косата ви дава знаци дека нешто не е во ред со вашето здравје – препознајте ги и реагирајте


ECA

Според експертите, вашата коса е значаен показател за тоа какво е вашето здравје. Промени во изгледот и здравјето на косата може да укажуваат на посериозни здравствени проблеми или несакани ефекти на одредени лекови.

Првутот (не) е опасен: Експертите не се 100% сигурни зошто се појавува првут, но веруваат дека причината е габична инфекција. Други фактори на ризик за појава на првут се масна кожа, стрес, дебелината, ладно и суво време, егзема и псоријаза. Иако првут е непријатен и досаден, не е опасен. За да се намали акумулација на мртвите клетки од кожата користете анти-првут шампон, оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете добро.

Жолт првут: Ако забележите дека имате жолт првут и мрсна жолта може да страдате од дерматитис. Тоа е воспаление кое може да се случи насекаде на кожата каде што има многу лојните жлезди.

Опаѓање на косата: Иако е невозможно да се измери, некои експерти проценуваат дека дневно губиме околу 100 влакна. Тоа не е причина за паника, ниту пак е знак дека ќе станете ќелави. Треба да реагирате доколку забележите дека ви паѓаат цели прамени на коса. Тоа може да е последица на операција, породување, некои лекови, диети, голем стрес, проблеми со тироидната жлезда. Во повеќето случаи, косата почнува да расте веднаш, но за секој случај консултирајте се со лекар.

Сува и кршлива коса: Сонцето може да ја направи вашата коса кршлива и сува. Изберете производи за нега на коса кои содржат заштитен фактор. Исто така, во текот на летото добро е да носите капа за да ја заштите косата од штетните сончеви зраци.

Белеење на косата: Обелувањето на косата обично не е знак на лоша здравствена состојба, но треба да знаете дека анемија, проблемите со тироидната жлезда и недостатокот на витамин Б – 12 можат да предизвикаат предвремено белеење на косата.

Апчиња: Меѓу лековите кои имаат негативен ефект врз здравјето на косата се оние за намалување на холестеролот, антидепресивите, лековите за ублажување на симптомите на менопауза, апчињата за контрацепција и антибиотиците. Тие предизвикуваат опаѓање на косата и кршење на влакната. Во повеќето случаи, косата се опоравува по престанокот на терапијата.

извор:курир.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лајпциг го отпуштија Марч по лошиот старт на сезоната

РБ Лајпциг го отпуштија тренерот, Американецот Џеси Марч по поразот од Унион Берлин и лошиот старт на сезоната 2020/21. Марч беше избран како наследник...

Мурињо до новинарите: Вашата работа е многу полесна, затоа заработувам многу повеќе од вас

Жозе Мурињо повторно ги загуби нервите откако неговата Рома колабираше со 0:3 пораз од Интер, по што бесот го искали на новинарите. Хакан Чалханоглу,...

Милан имаат најдобар старт на лигата од 2003, ќе изддржат ли?

Милан се единствени лидер во Серија А првпат по 10 месеци, а го имаат и најдобриот старт на една сезона од 2003/04, подгревајќи...

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А. „Фенерџијата“...
Translate »