15.8 C
Skopje

Гнабри и Левандовски го торпедираа Штутгарт

Серж Гнабри имаше хет-трик, Роберт Левандовски додаде уште два гола, за Баерн Минхен да ги декласира Штутгарт со 0:5 на нивната „Мерцедес-Бенц арена“ во првиот меч од 16. коло во Бундеслигата, по кој Баварците се одвоија на фантастични 9 поени пред Борусија Дортмунд.

Гнабри прво го скрши отпорот на домаќините во 40. минута, за во 53. минута да зголеми на 0:2, пред во пет минути во второто полувреме Баварците да постигнат уште три гола – Левандовски во 69. и 72. и Гнабри во 74. минута од мечот.

Баерн сега има 40 поени на врвот на табелата пред Борусија Дортмунд со 31 пред утрешниот меч со аутсајдерот Гројтер Фирт, додека Штутгарт се само 15. со 17 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

Новата шпанска тениска надеж Карлос Алкараз го „преживеа“ второто коло на Ролан Гарос, откако во епска битка од 4 часа и 34 минути,...

Славните личности испратија порака: Доста е, земјата мора да се промени

Американски актери и музичари го кренаа гласот по трагедијата што се случи во основно училиште во Тексас и повикаа на построга контрола на...

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина. Рускиот...
Translate »