31.8 C
Skopje

Францускиот парламент се противи на наметнување хетеросексуалност на хомосексуалците


Француските пратеници и сенаторите се согласија заеднички да подготват нацрт-закон со кој се забрануваат т.н. терапии за преобраќање, чија цел е да се наметне хетеросексуалноста на ЛГБТ луѓето, според парламентарни извори.

За ова дело ќе биде предвидена казна затвор од две години и парична казна од 30.000 евра. Казните може да изнесуваат три години затвор и 45.000 евра во отежнувачки околности.

Некои други земји исто така ги забранија овие практики. Во Европа тоа го направија Малта, Германија и неколку шпански провинции. Во Канада на 1 декември во Долниот дом на парламентот беше усвоен предлог-закон за нивна забрана.

Во Британија, предлог-законот со кој се забрануваат терапии за конверзија на малолетни и возрасни без нивна согласност е под јавна расправа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Hailey Bieber është paditur për shkelje të markës tregtare “Rhode”

Sipas dokumenteve ligjore të marra nga media, një kompani veshjesh me bazë në Nju Jork, Rhode, e themeluar në vitin 2013 dhe në pronësi...
Translate »