14.8 C
Skopje

Фалкао во голгетерска форма – трета победа во низа за Рајо на Димитриевски

Радамел Фалкао трет меч во низа дава гол за Рајо Валјекано, кои третпат во низа победуваат, овојпат со 3:1 против Кадиз за да се искачат на петтото место на табелата во Ла лига.

Тимот на Столе Димитриевски дојде во водство веќе во деветтата минута преку Алваро Гарсија, но гостите успеаја да израмнат во 23. минута преку Ерменецот Вараздат Харојан.

Тогаш на сцена стапи Фалкао, кој летово го комплетираше неочекуваниот слободен трансфер во мадридското предградие од Галатасарај, постигнувајќи го водечкиот гол во 44. минута од мечот. Исак Палазон во 87. минута од мечот со прекрасен гол ја потврди победата на „громовите“.

ЛА ЛИГА, 7.КОЛО

Рајо Валјекано – Кадиз 3:1

Реал Сосиедад – Елче 1:0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути

Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.Гостите целата работа ја завршија за...

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги...

Валенсија собра бод во 98. минута, Алавес триумфираше кај Кадиз

Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство. Предмалку Кадиз на домашен терен...

Селма Хаек наговарала дефанзивец на Ајакс да се пресели во Рен

Дефанзивецот на холандски Ајакс, Едсон Алварез предизвика големо внимание со соопштението дека малку неостасувало да го напушти клубот од Амстердам по наговор на...
Translate »