10.8 C
Skopje

ДУИ кампанњата за Локални избори ќе ја започне утре од Гостивар

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Кампањата за Локални избори на 17 Октомври ќе ја започне од Гостивар, истакна на денешната прес конференција, Крешник Бектеши.

“Кампањата за Локални избори 2021 година ќе почне во Понеделник точно од Гостивар затоа што го слушнавме гласот на граѓаните на Гостивар кои бараат промена во општинската администрација и ослободување од кучињата скитници, казината, чадод од Русино, густиот сообраќај, недостаток на паркинзи и од неспособноста на Таравари”, рече Бектеши и додаде дека во текот на кампањата во сите градови, општини, населени места ќе ги претставаат кандидатите за градоначалници и опшинските совети.

Тој посочи дека ДУИ ја завршува кампањата исто така во Гостивар.

Демократската Унија за Интеграција повикува за фер и демократска кампања.

Во продолжение говорот на Крешник Бектеши:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври официјално започнува утре.

Демократската Унија за Интеграција ги повика сите учесници на овие Локални избори да спроведат мирна, демократска и позитивна кампања. Да ги искористиме овие дваесетте дена од кампањата за подобра презентација на нашите Изборни програми и на кандидатите за градоначалници и општинските советници.

Пцовките и навредите не треба да бидат дел од кампањата на учесниците на овие избори. Но, кампањата треба да се спроведе во духот на демократијата и меѓусебното почитување, бидејќи само на тој начин ќе покажеме политичка зрелост и ќе ги докажеме нашите европски стандарди.

Почитувани,

Кампањата за локалните избори 2021 година ја започнуваме во понеделник точно од Гостивар затоа што го слушнавме гласот на граѓаните на Гостивар кои бараат промена во општинската администрација и ослободување од кучињата скитници, казината, чадод од Русино, густиот сообраќај, недостаток на паркинзи и од неспособноста на Таравари.

Ја завршуваме кампањата исто така во Гостивар, за да им кажеме на гостиварчани дека сме заедно во битката за ослободување на градот од неспособната администрација на Таравари и ВМРО ДПМНЕ.

Почитувани граѓани,

Демократската Унија за Интеграција на Локалните избори ќе настапи со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. За овој мандат веќе ги откривме петте завети кои се столбови на нашата Платформа, како што се:

Зелена агенда,

Дигитална агенда,

Агенда за вклучување на граѓаните

Агенда за отворени врати и

Агенда Нулта толеранција

Овие пет завети мора да ги почитуваат сите градоначалници, бидејќи оваа Платформа и овие пет завети ветуваат подобар и поздрав живот за сите граѓани.

Ние секогаш ги избиравме патиштата заедно.

Почитувани,

Дозволете ми уште еднаш да повикам за оваа кампања да помине со почит, без навреди, но и да има фер и демократски избори.

Денес го избираме зеленото, го избираме животот затоа што ова е најдобрата иднина за нас и за идните генерации.

Ви благодарам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минимален триумф на Херта против Борусија (М)

Фудбалерите на Херта во Берлин со 1-0 славеа на дуелот против Борусија од Менхенгладбах во последниот саботен меч од деветтото коло. Стрелец на единствениот...

„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути

Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.Гостите целата работа ја завршија за...

Роналдо: Ќе им ја затнам устата на сите!

Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги...

Валенсија собра бод во 98. минута, Алавес триумфираше кај Кадиз

Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство. Предмалку Кадиз на домашен терен...
Translate »